Водата од водоводната мрежа во Струмица е проверена и потврдено е дека е безбедна за пиење.
Ова на фејсбук го објави струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов додавајќи дека според резултатите од анализите на Агенцијата за храна и ветеринарство, три акредитирани приватни лаборатории и Центарот за јавно здравје Струмица, претходните негативни резултати од Институтот за јавно здравје се побиени.
Костадинов истакнува дека новите резултати нудат надеж за граѓаните, кои подолго време се соочуваа со забрана за употреба на водата за пиење.
Тој ја потенцира важноста на овие анализи за здравјето на жителите и се заблагодари на АХВ за одлуката за укинување на забраната.
Меѓувреме, Струмица размислува за своето членство во ЗЕЛС.











