Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Големи поплави во југоисточна Шпанија

/

пред 721 дена

Сподели преку :

Обилните дождови, предизвикани од студениот воздух што се движи низ југоисточна Шпанија, денеска ги поплавија патиштата и градовите, поради што властите во најтешко погодените области издадоа предупредувања за граѓаните да останат дома и да ги избегнуваат сите патувања кои не се неопходни.

Шпанската државна метеоролошка агенција АЕМЕТ прогласи црвен аларм во Валенсија и второ највисоко ниво на тревога во делови од Андалузија на југот, каде воз излета од шините поради силниот дожд, но никој не беше повреден.

АЕМЕТ предупредува дека најтешко ќе биде погодена Валенсија, каде се очекува да наврнат повеќе од девет милиметри дожд за еден час или 180 милиметри за помалку од 12 часа.