Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Харис: Време е за нова генерација лидери на Америка

/

пред 721 дена

Сподели преку :

Камала Харис, потпретседателка на САД и демократскa претседателскa кандидатка, одржа голем митинг на местото пред Белата куќа наречено Елипса, истото место од каде нејзиниот ривал, поранешниот претседател Доналд Трамп на 6 јануари 2021 година, повика толпа свои подрржувачи да упаднат во Капитолот на САД.

Пред десеттина илјади свои подржувачи, Харис повика на промени и „нова генерација лидери на Америка“.

„Предолго сме конзумирани во хаос и заемна недоверба. Да запреме со вперување на прстите и да ги вкрстиме рацете. Време е за свртување на страницата и на нова генерација лидери во Америка“, изјави таа.

Харис, исто така, рече дека ќе бара општ јазик за сите, „додека Трамп нуди повеќе хаос“. Таа повика дека ќе се застапува и за незадоволните републиканци и за сите останати кои не гласале за неа, наспроти нејзниот ривал кој ги критикува и исмејува.

„Тој е обземен од одмазда и конзумиран од жалби, изјави Харис за Трамп.

„Ветувам дека ако бидам избрана, ќе бидам претседател за сите Американци“, повика таа.