Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Најмалку 51 лице загина во обилни поплави во Шпанија

/

пред 721 дена

Сподели преку :

Најмалку 51 лице загинаа во областите погодени од поројни поплави во југоисточна Шпанија. Првиот човек на регионот Валенсија, Карлос Мазон, потврди дека службите за итна помош пронашле мртви тела.

Поројните дождови предизвикани од студениот фронт што се движи низ јужниот и источниот дел на земјата, вчера ги поплавија патиштата и градовите, поради што властите во најтешко погодените области ги советуваат граѓаните да останат дома и да ги избегнуваат сите несуштински патувања.

Градоначалникот на градот Летура, Серхио Марин Санчез за шпанската јавна телевизија изјави дека службите за итни случаи трагаат уште по неколку лица кои во моментов се водат како исчезнати. Железничкиот сообраќај меѓу Мадрид и источното пристаниште Валенсија беше во прекин поради штетата предизвикана од невремето врз железничката мрежа.