Државните правобранители денеска започнаа протести поради незадоволство од ниските плати.
Протестите ги најавија од пред судот во Гостивар, од каде нагласија дека доколку не почне да им се исплаќа додаток на плата во висина од 30 отсто од платата, ќе стапат во штрајк, што значи нема да ги работат и предметите од експропријацијата на земјиштето за автопатите кои ги гради Бехтел и Енка.
Според Синдикатот, во Државното правобранителство има 118 вработени, а просечната плата која ја добиваат е околу 28 илјади денари.











