Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Завршува мерката „есенска потрошувачка кошница“

/

пред 710 дена

Сподели преку :

Мерка која имаше за цел да ги ограничи профитните маржи на 73 основни прехранбени производи на 10% завршува. Владата изрази подготвеност да реагираат остро ако цените повторно се зголемат по истекот на интервенцијата.

Според владините претставници мерката донела позитивни резултати со намалување на цените од 5 до 10%, но Синдикатот на Македонија укажува на проблеми, велејќи дека трговците ја изиграле истата со зголемување на цените на други производи.

Според нив, потрошувачката кошница за едно четиричлено семејство во октомври се зголемиле на 61,249 денари. Синдикатот бара поголема соработка со Владата при креирањето на мерките, како и зголемување на минималната плата на 450 евра.

Иако министеркаса за финансии Димитриеска Кочоска спротивно на министерот за економија Дурмиши не се согласува со праксата за воведување на вакви мерки Владата планира новогодишна и божиќна потрошувачка кошница со ограничено времетраење, со цел да се поддржи економскиот стандард на граѓаните.