Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп на митинг во Висконсин се појави во комунално елече и камион за ѓубре

/

пред 703 дена

Сподели преку :

Во комунално елече и со камион за ѓубре републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп пристигна на митинг во Висконсин.

Неговата реакција доаѓа по контроверзниот коментар на актуелниот претседател Џо Бајден во одговор на коментарот на комичарот Тони Хинчклиф за Порторико обидувајќи се потоа да се доизјасни дека кога рекол ѓубре мислел на реториката на Трамп, а не на неговите поддржувачи, нагласувајќи дека таквото демонизирање на Латиноамериканците е неамериканско и навредливо.

Трамп потоа ја коментираше изјавата пред своите следбеници на социјалните мрежи, истакнувајќи дека „250 милиони Американци не се ѓубре“, реферирајќи на зборовите на Бајден.

Оваа ситуација дополнително ја зголеми тензијата помеѓу двата политички табора, пред претстојните избори закажани за 5ти ноември.

Според последните анализи двајцата претседателски кандидати водат мртва трка во борбата за гласови за поддршка на нивната кандидатура.