Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Продолжуваат протестите кај кочанското село Бели

/

пред 702 дена

Сподели преку :

Петти ден, активисти и граѓани протестираат кај кочанското село Бели, попречувајќи им го пристапот на камионите со сметот до Градската депонија.

Бараат писмена гаранција дека на депонијата смет нема да се носи од општините Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево.

Од Општина Кочани со апел до нив, целосно да ја отстранат блокадата за да може јавното претпријатие „Водовод“ непречено да врши транспорт и депонирање на комуналниот отпад. Велат блокадата на патот ќе предизвика нов еколошки проблем – затрупување на градот во ѓубре и појава на епидемии и заболувања.

Во текот на вчерашниот ден по средувањето на депонијата со градежна механизација почна и третманот со алги и микроогранизами.

Останатите три општини бараат решение и за својот отпад кој е по улиците и во домовите на граѓаните.

Виница денеска ќе побара одобрение од Министерството за животна средина за депонирање на отпадот на нова локација, кај селото Драгобрашти, бидејќи старата депонијата кај Лески е затворена.

Викторија Јованова