Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Жител на Богданци осомничен за задоволување полови страсти пред деца

/

пред 702 дена

Сподели преку :

Се бара притвор за осoмничен кој во училишен двор задоволувал полови страсти.

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од Богданци кое го извршило ова продолжено кривично дело.

Прибраните докази, како што соопштува гевгелиското обвинителство  упатуваат на сомнение дека осомничениот, се соблекувал и го вршел наведеното дело неколку пати пред деца кои не наполниле 14 години, и во двор на основно училиште и на други локации.

Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и дека ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.