Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство изминатите три дена спровеле вонредни инспекциски надзори во 41 дом за стари лица во земјава.
Инспекторите на АХВ утврдиле дека 14 домови не биле воопшто регистрирани како оператори со храна во Агенцијата.
Издадени се 16 решенија со наредби за отстранување на утврдени недоследности од кои кај 4 оператори за незадоволителни хигиенски услови.
Кај три оператори, утврдено е дека вработените немале спроведено задолжителен здравствен преглед. 18 оператори се парично казнети.Кај 5 оператори запленета и уништена е 40 килограми небезбедна храна.











