Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уапсен еден осомничен за убиството во Арачиново, вториот во бегство – нападот бил поради долг

/

пред 701 дена

Сподели преку :

Од обвинителството соопштија првично детали за истрагата за убиството на 50-годишен жител на Арачиново и ранување на 19-годишно момче. Оружениот напад го извршиле двајца од автомобил, а еден е уапсен.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа извршил увид во Арачиново. Се преземаат сите дејствија за расчистување на настанот.

-Од лице место се подигнати траги и материјални докази, обезбедени се и се прегледуваат снимки од видео надзор, на телото на починатиот ќе се врши обдукција. Првичните сознанија упатуваат на нерасчистени должничко-доверителски односи како можен мотив на сторителите, од кои едниот е лишен од слобода, а по другиот се трага, соопшти обвинителството.

Во нов оружен напад, во Арачиново убиен 50-годишен маж