Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Истече мерката за замрзнати маржи, цените одново се вивнаа до плафон – граѓаните се жалат дека немаат пари за здрава исхрана

/

пред 701 дена

Сподели преку :

Помина само еден ден откако трговците веќе немаат ограничени маржи, а цените на основните прехранбени производи веднаш се зголемија. Граѓаните кои денес го искористија сончевиот викенд за да пазарат велат дека есенската кошничка воопшто не даде резултати, а сега по завршување на мерката забележале дека цените на намерниците веднаш отидоа нагоре.

„За мерката за ограничена маржа ќе си дозволам да кажам дека беше лоша. Тоа беше играчка на Владата дека нешто се прави, а всушност ништо не направија. Претходно цените отидоа до плафон, а тие молчеа и пред да ги ограничат маржите беа зголемени уште повеќе. Трговците најдоа начин да не крадат“, вели граѓанин.

„Цените отидоа високо и сега нема надоле, само нагоре“, заклучува граѓанин.

„Во маркетите состојбата е иста. Не е многу поскапено, само одредени производи. Трговците го користат секој момент за да заработат“, смета граѓанин. 

„Не прашувај за цените“, вели жителка. 

„Верувам дека ќе има поскапување“, додава граѓанин.

Кога станува збор пак за здравата исхрана, дел од граѓаните велат дека не се навикнати да се хранат здраво, а некои сметаат дека здравата храна е многу скапа и не секој може да си дозволи таква исхрана. Ретки се оние кои го практикуваат здравиот начин на исхрана.

„Не е толку скапа здравата храна како овошје и зеленчук, ама ние повеќе сме навикнати на нездрава храна“, вели жителка.

„Доколку сакаме може да набавиме некои намирници по пристапна цена“, смета жител.

„Можеби е скапа здравата храна бидејќи стандардот ни е низок нас, а инаку ако направиме споредба во однос на некои други држави мислам дека кај нас не е скапа“, заклучува граѓанин.

Производителите на здравата храна велат дека вложуваат многу време и труд за да направат здрави производи, но најчесто тоа не им се исплати бидејќи заработката е многу мала. Повеќето од нив велат дека тоа го работат од љубов.

„Цената не е доволна, медот го продавам по 600 или 700 денари во зависност од видот. Помош имам и од државата преку субвенции, меѓутоа и тоа не е доволно, треба уште повеќе“, вели производител на мед.

„Сокот кој го продавам би требало да чини некои 150-170 денари, но бидејќи народот нема пари за да ја плати таа цена ставаме некоја минимална сума“, вели производител на сок. 

„600 денари е килограм мед од кој може да јаде цело семејство, а еурокремот се купува по висока цена и се троши за неколку денови“, вели производител на мед.

Министерот за земјоделство Трипуновски смета нашата држава има капацитет да произведе здрава органска храна, а министерството ќе помогне во тоа со редовна исплата на земјоделските субвенции, нешто за кое ја обвини претходната Влада дека тоа не го правела навремено.

„Македонија ги има сите важни предуслови за квалитетно земјоделско производство, а тука мислам на квалитет на почва, доволно сончеви денови во текот на годината и вода како ресурс кој е многу важен. Ние како министерство даваме ветување дека ќе се заангажираме процентот на органско производство да го подигнеме на многу повисоко ниво“, изјави Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во Македонија во 2023 година, со земјоделско органско производство се занимавале 888 производители. Вкупната површина со растително органско производство изнесуваа повеќе од 4 илјади хектари, од кои половина се житните култури.

Тамара Марковска