Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лидерите на ДУИ и „Вреди“ се препукуваат кој е поголем коцкар

/

пред 700 дена

Сподели преку :

Предизвикот упатен од премиерот до претседателот на СДСМ, наесен да одат на двојни избори, предизвика полемика меѓу лидерите на партиите на Албанците за тоа кој е поголем коцкар. Од коалицијата „Вреди“ побараа од Ахмети да престане со покерски блефови и да се посвети на реформи, но и да потпише гаранција за оставка, доколку сака избори.

Од ДУИ, пак, им порачаа дека се реформирале со заминувањето на Изет Меџити.

Партиските препукувања следуваат откако Ахмети деновиве го прифати предизвикот што не му беше наменет нему, туку на Филипче, од кого премиерот, одговарајќи на неговото пратеничко прашање во четвртокот, побара да си ја проверат довербата на двојни избори. Сепак, вчера призна дека повикот за избори не бил со намера тие навистина да се случат, туку да се открие вистинското лице на опозицијата. На лидерот на ДУИ, кој изрази подготвеност за изборно соочување, му порача да се подготви за одговорност, а за избори ќе се договараат кога ќе им дојде време.

Далиборка Демјанска Цветановска