Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гром усмрти 13 деца и возрасен човек во бегалска населба во Уганда – жртвите настрадале на богослужба

/

пред 700 дена

Сподели преку :

Гром усмрти 13 деца и едно возрасно лице во бегалска населба во Уганда, соопшти локалната полиција.

Како што се наведува, сите жртви биле на богослужба во моментот на удар на громот, а во трагичниот настан има и 34 повредени луѓе, пренесува „Би-Би-Си“.

Несреќата се случила во бегалската населба Палабек на северозападот на земјата, подрачје што го зафатиле обилни врнежи од дожд и силни грмотевици.

Бегалскиот камп Палабек е место за престој на повеќе од 80.000 бегалци и баратели на азил. Најголем дел од нив доаѓаат од Јужен Судан, соопшти Агенцијата за бегалци при Обединетите Нации.