Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Вардар менуваат тренери како на филмска лента: Захариевски доби отказ по поразот од Пелистер

/

пред 699 дена

Сподели преку :

Фудбалскиот клуб Вардар се раздели со тренерот Срѓан Захариевски по синоќешниот пораз на вечното дерби против Пелистер (1-0) во Битола.

Сега „црвено-црните“ ќе го бараат четвртиот тренер оваа полусезона, бидејќи пред Захариевски на клупата кратко седеше Горан Петревски, а сезоната ја почна Горазд Михаилов.

„Информација. АД ФК Вардар и шефот на стручниот Срѓан Захариевски утрово спогодбено ја раскинаа соработката. АД ФК Вардар му благодари за несебичниот ангажман,максималниот вложен труд и голема желба за успех. За личности како Срѓан Захариевски вратите на АД ФК Вардар се секогаш отворени“, стои во објавата на ФК Вардар на социјалната мрежа „Икс“. 

Захариевски не можеше да ги поправи резултатите на тимот исто како и Петревски пред него и Михаилов, па се поставува прашањето дали Вардар е последен на табелата во Првата лига со само осум освени бодови поради тренерите или поради нешто друго?

Можеби одговорноста е кај оние кои беа задолжени да донесат засилувања, а летово ги имаше многу. Дури шест странски играчи го облекоа дресот на најтрофејниот македонски тим, а резултатите се полоши од минатата сезона, кога клубот имаше тешки финансиски проблеми и играше најчесто со домашни играчи и на хартија имаше послаб состав.

Очигледно е дека во зимскиот преоден рок ќе бидат потребни сериозни промени и големи инвестиции во играчкиот кадар за Вардар да излезе од дното на табелата во Првата лига.

Фото: Игор Паневски