Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од скопска дискотека тврдат момчето и девојката кои пријавија дека се претепани, први почнаа: Повредените негираат, полицијата истражува

/

пред 699 дена

Сподели преку :

Откако родители до Телма доставија видео материјал во кој се гледа како е нападната нивната ќерка и нејзиното момче, а за кои тврдеа дека биле нападнате од обезбедувањето, Телма се сретна со претставници од клубот кои ни приложија видео снимки кои не може да ги објавиме со оглед на тоа дека се пратени на вештачење. На видета се гледа тепачка. Од скопската дискотека тврдат дека лицата кои што пријавиле, први учествувале во тепачка и ги навредувале.

Се вмешал пријател на менаџерката, па продолжиле и нему да му се обраќаат со навредливи зборови, по што почнала тепачката, велат од клубот.

Случајот го истражува МВР. Родител на повредената девојка за Телма тврдеше дека таа и нејзиното момче биле нападнати од обезбедување пред ноќен клуб во главниот град.

Нападнатите имаа повреди на главата и беа болнички згрижени.

-Пред угостителски објект на подрачјето на Центар М.М. и М.С. биле физички нападнати од едно лице, а Н.Ч. бил физички нападнат од две лица. одговорија од МВР во петокот.

(ВИДЕО) Четворица членови на обезбедување на ноќен клуб во Скопје претепаа момче и девојка, кои завршија на шиење на Клиника