Назадување по области е нула, извештајот не констатира назадување по области, онаму каде што има нули, тоа значи дека нема напредок, не е назадување, истакна Орхан Муртезани, министер за европски прашања, во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ.
„Нема напредок се однесува на шест области, 17 се со ограничен напредок, 17 се со делумен напредок, три се со добар напредок и многу добар напредок се нула. Генерално, сликата е пресликана со претходната година, со, да речам, мали корекции во однос на земјоделските политики, рибарството. Одредени подобрувања во кластерот 1, што е логично, бидејќи во случај на отворање на преговорите, тој се отвора прв“, рече Муртезани.











