Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

АМСМ: Поради технички проблеми утрово надвор од функција граничниот премин Блаце

/

пред 698 дена

Сподели преку :

Сообраќајот на магистрален пат Скопје – Граничен премин Блаце утрово не е во функција, а сообраќајот во моментов се пренасочува со цел да се избегне создавање гужви на делницата.

Полициски службеници на терен ги пренасочуваат возилата на потегот кон бензинската пумпа Дизел пренесуваат од АМСМ.

Во образложението стои дека причина за прекин на сообраќајот е технички проблем на еден од терминалите од косовска страна. За сега нема известување до кога би бил затворен граничниот премин и кога сообраќајот на овој правец повторно би бил нормализиран.