Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп гласаше на Флорида, Харис го испрати своето гласачко ливче по пошта

/

пред 698 дена

Сподели преку :

Доналд Трамп гласаше на Флорида. Поранешниот претседател пристигна на своето избирачко место во Палм Бич со сопругата Меланија Трамп.

  • „Не морам да им кажувам на моите поддржувачи дека нема да има насилство. Се разбира дека нема да има. Моите поддржувачи не се насилни луѓе, тие луѓе не веруваат во насилство. И јас не сакам никакво насилство“, изјави Трамп.

Камала Харис, актуелнaтa потпретседатлка на САД и кандидат на Демократската партија на претседателските избори што се одржуваат денеска, потврди дека веќе гласала. Таа го испратила своето гласачко ливче по пошта.

  • Камала Харис ги повика Американците да излезат и да гласаат. Харис ја пренесе својата порака во пренос на локална радио станица во Џорџија – држава која се смета за клучна во претседателската трка.

Никогаш во поновата политичка историја на САД, исходот од претседателските избори не бил толку неизвесен.

Телма во живо од САД- граѓаните избираат помеѓу Камала Харис и Доналд Трамп, како и за претставници во конгресот

Претседателот на САД, Џо Бајден претседателските избори ќе ги следи од Белата куќа и не планира да учествува во јавни настани.

Администрацијата на Бајден истакна дека тој, заедно со сопругата Џил и вработените во Белата куќа заедно ќе ги следат изборите.

Кандидат на Демократската партија е потпретседателката Камала Харис, која Бајден ја поддржа откако се повлече од трката.