Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одземени телефони и забрана за снимање на новинарски екипи на судењето против поранешениот претседател на згаснатото бугарско здружение „Ванчо Михајлов“, Љупчо Георгиевски

/

пред 697 дена

Сподели преку :

Судијката во Основниот суд во Битола, Цветанка Никодиновска, денеска не дозволи снимање и фотографирање на судењето против поранешениот претседател на згаснатото бугарско здружение „Ванчо Михајлов“, Љупчо Георгиевски, иако новинарите на ТВ Телма и порталот „Сакам да кажам“ имаа акредитација од Врховниот суд на Македонија.

Таа го попречи известувањето на медиумите со тоа  што забрани камери да влезат во Судот и  побара да им бидат одземени мобилните телефони на новинарите, а забрани да ги користат дури и во холот на Судот, пред да почне  судењето.  Потоа, кога расправата беше при крај,  ги спречи   екипи на ТВ Телма и „Сакам да кажам“ да ја напуштат  судница и се закани дека следниот пат нема да им дозволи да присуствуваат.

Во решението издадено од Врховниот суд пишува дека се одобрува снимање и фотографирање на судскиот процес по предметот  К 289/23, а даденото одобрение од страна на Претседателот на Врховниот суд е со важност до завршување на расправата по предметот. Ако снимањето е одобрено, советот на главната расправа може од оправдани причини да одлучи одделни делови да не се снимаат, но никаде не е наведнео дека се забранува снимање на расправата.

Eмилија Мисирлиевски