Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Доналд Трамп е нов претседател на САД – еуфорија меѓу републиканците, молк кај демократите

/

пред 697 дена

Сподели преку :

Од нашиот специјален известувач од Вашингтон

Игор Трајков

Републиканците слават победа, молк во таборот на демократите. Трамп со историска победа на претседателските избори. Освен електорските гласови, го освои и таканаречениот народен глас, односно мнозинството од вкупниот број на гласови на Американците.

Републиканците очекувано освоија мнозинство во сенатот, но трката за претставничкиот дом е сè уште неизвесна.

Трамп се враќа во Белата куќа. Доби нов мандат и порача „Доаѓа златно доба за Америка“.

Голем дел од светските лидери му ја честитаа победата, но не и Путин. Кремљ со порака – граѓаните да не заборават дека САД се непријателска држава кон Русија.