Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Легитимација крева метални рампи- Полициски началник ја злоупотребил службената положба за да избегне патарина

/

пред 697 дена

Сподели преку :

Ја покажувал легитимацијата и не плаќал патарина. 45 годишен полициски началник од Кочани доби кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување. Пријавениот на 11.07.2024 во неколку наврати со неговото приватно возило ги поминал наплатните станици Кадрифаково и Преод без да плати патарина.

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупциіа, поднесе кривична пријава против А.М.(45) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувања” по член 353 од Кривичниот законик“, велат од МВР.

Ако еден столар може да плаќа патарина, тогаш може и секој вработен во МВР, реагира министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Опозициската СДСМ побара од министерот Тошковски да нема селективни казни, па како што поднесе кривична за кочанскиот началник да поднесе пријава и за Миланчо Митревски.

„Тој беше назначен за шеф на контрола на Наплатната служба на патарините во Петровец а исто така СДСМ објави и докази дека не плаќа патарини. Нека покаже Тошковски ист приницип, што чека? Дали и раководителот Ванчо Милевски кој исто така не плаќа патарини ќе добие Кривична пријава од Тошковски? Или  законите не важат за партиските кадри на ДПМНЕ на патарините?“, велат од СДСМ.

Покрај кривична пријава, од МВР најавуваат дека ќе се поведе и дисциплинска постапка, а во меѓувреме полицискиот службеник ќе биде отстранет од работното место до завршување на постапката.

Пред еден месец, пак, 6 вработени на патарината Романовце кај Куманово пропуштале приватни возила на 12 полицајци. 959 пати оваа година на полицајците им се кревала рампата без да платат..Министерството за внатрешни работи побара од обвинителството вработените кои ја искористиле својата службена положба за истото дело кривично да одговараат.

Симона Петровска