Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Европјаните имаат нож под грло, изборите во САД ги натераа да отворат очи, смета аналитичар – Орбан домаќин на состанок на лидерите на ЕУ

/

пред 697 дена

Сподели преку :

Европските челници се состануваат денеска во Будимпешта на дводневни разговори на високо ниво на кои ќе се обидат да изнајдат одговори за предизвиците што ги носи кам-бекот на Доналд Трамп во Белата куќа. Но, исто така, ризикуваат разоткривање на расколот на континентот.

На лидерите на ЕУ ќе се придружат и други – од Велика Британија до Турција, шефот на НАТО, Марк Руте, украинскиот претседател Володимир Зеленски. На дневен ред се европските безбедносни предизвици, меѓу кои во прв план војните во Украина и на Блискиот Исток, миграцијата, глобална трговија и економската безбедност.

„Европјаните сега навистина имаат нож под грло. Изборниот резултат во САД ја присилува Европа да отвори очи. Можеби во ситуација како оваа, работите навистина може да се придвижат“, вели Себастијан Милар, политички аналитичар од Инстутот „Жак Делор“.

Најитна меѓу заканите од враќањето на Трамп е стравот за можно нарушување на европската безбедност и укинување на поддршката за Украина и, истовремено, почнување на трговска војна со високи царини за европските производи.

„Не мислам дека се подговуваа за ова. Нема јасен план што да се прави сега – на ниво на Европската Унија, но и на ниво на француско-германските односи“, смета Гунтрам Волф од истражувачкиот центар „Бругел“.

Германија е во застој поради можниот пад на коалицијата на Олаф Шолц, а во Франција, претседателот Емануел Макрон е ослабен во последните години од мандатот со долготрајната политичка криза на домашен терен.