Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЗОО Скопје од сабота повторно почнува со работа

/

пред 696 дена

Сподели преку :

ЗОО Скопје извести дека од оваа сабота, 9 ноември повторно ќе биде отворена за посетителите. Зоолошка градина ќе работи со редовно работно време од 09:00-17:00 секој ден.

Скопската Зоолошка градина беше затворена на 19 октомври, поради тоа што од Агенцијата за храна и ветеринарство беше утврден птичји грип кај гуска што долета во езерцето однадвор.

Инспектори од Агенцијата извршија увид, по што, како што раскажаа вработените, убиени беа сите птици кои се наоѓале во езерото поради контакт со заразената гуска.