Марта Кос, според неофицијалните информации на Н1 Словенија, ја доби поддршката на Комисијата за надворешни работи во Европскиот парламент.
„Војната во Украина донесе нова динамика во процесот на проширување на Западниот Балкан. За првпат, земјите од Западен Балкан се подготвени да вложат повеќе енергија и време за да успеат на нивниот европски пат. Ако бидам потврдена, ќе продолжам по тој пат“, рече Кос во првата изјава по повеќе од три часа испитување.
Според неофицијалните информации на Н1, Кос успешно го минала испитувањето. Запрашана како ќе се снајде во улогата на сегашниот Комесар за проширување, Оливер Вархеји, пред новинарите одговори: „Имам чевли, ќе одам во нив“.
„Почестена сум и среќна што денеска можев да се претставам во Европскиот парламент. Ја изнесов сопствената визија и начин на кој ќе ја спроведувам политиката на проширување и односи со земјите од источното соседство. Секако, Украина е на прво место не само по прашање на процесот на проширување, туку и по прашањето на реконструкција“, истакна Кос.
Како што рече, еден од нејзините приоритети ќе биде проширување на Европсската Унија на Западниот Балкан. Според неа, проширувањето на ЕУ е важно и за обезбедување на мирот, на слободата и на просперитетот на Европа.











