Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ВИДЕО) Крводарителска акција во амбасада на САД, Црвениот крст вели во чест на жртвите на 9/11, вицепремиерот Меџити даруваше во спомен на американски ветерани

/

пред 696 дена

Сподели преку :

Десетици припадници на АРМ, волонтери, граѓани, но и јавни личности претпладнево во амбасадата на САД во Скопје даруваа крв во рамки на традиционалната крводарителска акција, а можеа да донираат и во хуманитарната акција на Црвениот крст за помош на бездомници и граѓани кои се загрозени од студеното време.

И додека првиот човек на Црвениот Крст Саит Саити рече дека станува збор за традиционална акција во чест на жртвите на терористичкиот напад од 11-ти септември 2001-ва во Вашингтон и Њујорк, вицепремиерот Изет Меџити пак вели дека годинешната акција е во чест на американските воени ветерани и дека тој постојано учествувал во акциите за да се зацврстат врските со стратешкиот партнер-САД.

На акцијата присуствуваше и Реис-ул улема на ИВЗ, а високите гости ги пречекуваше и американската амбасадорка Анџела Агелер. Во реализацијата на акцијата учествуваше и Заводот за трансфузиологија.