Македонската женска кошаркарска репрезентација го доживеа и третиот пораз во овој циклус квалификации за Европското првенство. Овој пат подобри од нашите репрезентативки беа Украинките кои славеа со 98:49.
Најефикасна во нашиот тим со 17 поени беше Анџелика Митрашиновиќ додека Мерит Хемпе впиша 16 поени и пет скока.
За четири дена Македонија на домашен терен го игра вториот меч, а противник ни е селекцијата на Португалија.
ФОТО: Игор Паневски




































