За првпат во Македонија лани е дијагностицирана ретката болест Фабри. Наскоро пациентот ќе почне да ја прима соодветна терапија. Болеста настанува како резултат на мутација на ген.
Започнува во раното детство, напредува бавно во текот на животот и резултира со сериозно оштетување на бубрезите, срцето и централниот нервен систем. Доколку болеста не се лекува, животниот век на пациентите им се крати за 10 до 15 години.











