Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДКСК: Незаконски е членови на советите, да бидат во УО на Академијата за судии и обвинители

/

пред 695 дена

Сподели преку :

Судскиот совет и советот на јавни обвинители да ги стават вон сила одлуките со кои во Управниот одбор (УО) на Академијата за судии и јавни обвинители ги номинираат своите членови Антоанета Димовска, Ханиф Зендели,Душица Димитриеска и Башким Бесими. Ова го бара Антикорупциската комисија (ДКСК) која на денешната седница констатираше дека двата совета постапиле незаконски и наместо да предложат активни судии и обвинители, предложиле нивни членови на кои судиската и обвинителската функција им е во мирување. Антикорупционерите истакнуваат дека според Законот за спречување на корупција и судир на интереси, членовите на советите не смеат да бидат членови на УО на институции и претпријатија со државен капитал.

Дали и како ќе постапи судски, ќе дискутираат откако ќе ја добијат одлуката.

„До овој момент, од страна на ДКСК не е побарано произнесување по однос на оваа постапка, а тоа е неопходно, имајки предвид дека Судски совет е странка во истата. Нема да ја коментирам одлуката на ДКСК, пред истата да биде доставена до Судскиот совет по што Судскиот совет ќе биде во можност да ја анализира“, вели Весна Дамева, претседателка на Судски совет.

И од Советот на јавни обвинители велат дека разбрале од медиумите. Кога ке ја одбијат одлуката ќе може и да ја коментираат. Претходно имаше реакции и од невладините и од партиите, но од двете тела, преку соопштенија, објаснуваа дека постапиле законски.

Антикорупциска ќе покрене прекршочна постапка, но и иницијатива за дисциплинска одговорност на член на судски совет поради судир на интерес. Членот на судски совет иницирал постапка за одговорност против врховни судии кои одлучувале во предмет, каде во адвокатското друштво што го застапувало тужител, работела и сестра на членот на Судски.

„Со оглед дека блиско лице, сестра на член на Судски совет, била полномошник од редот на адвокатите на странката која ја изгубила постапката пред Врховниот суд, не само што членот на Судскиот совет не смеел да постапува, туку дотолку повеќе, ниту да се јави во улога на иницијатор за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судии во Врховен суд кои постапувале во тој предмет, каде учествувало негово блиско лице, кое имало или може да има приватен интерес“, изјави Цвета Ристовска, членка на ДКСК.

На денешната седница, ДКСК одлучи дека нема судир на интерес во тоа што претседателката на Врховен, Адеми и државниот обвинител Коцевски се и членови на УО на Академијата.

Елена Ивановска Мукоска