Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Албанија ги прифати првите мигранти што ги депортира Италија

/

пред 695 дена

Сподели преку :

Во Шенѓин, Албанија пристигна италијанската морнарница со депортирани мигранти од Италија. Ова е втор трансфер на мигранти, откако првата група од 12 мигранти беа вратени во Италија поради пресуда на судот во Рим дека нивните земји на потекло, Бангладеш и Египет, не се доволно безбедни за репатријација.

Италијанската премиерка Џорџија Мелони предвиде два центра во Албанија да собираат до 3.000 мигранти месечно, како начин Италија да се справи со пристигнувањето на лица кои бараат азил на југот од земјата.

Активистите за човекови права го осудија договорот за мигранти меѓу Албанија и Италија како опасен преседан. Премиерката Мелони ја критикуваше пресудата на судот во Рим и рече дека сметањето на земјите како Бангладеш и Египет за небезбедни значи дека на сите мигранти ќе им биде забрането да бидат дел од програмата во Албанија, што го прави договорот неостварлив.