Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Руско МО: Соборени 50 украински беспилотни летала во седум региони

/

пред 694 дена

Сподели преку :

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека во текот на изминатата ноќ противвоздушните системи (ПВО) на руските вооружени сили уништиле 50 украински беспилотни летала над седум региони на Русија.

„Руските системи за противвоздушна одбрана уништија 50 украински беспилотни летала: 28 беспилотни летала над територијата на Брјанскиот регион, 12 над територијата на Курскиот регион, четири над територијата на Новгородскиот регион, два над територијата на Смоленскиот регион, два над територијата на Тула и по еден на териториите на Орила и  Тверскиот регион“, соопшти руското Министерство, пренесено до руските медиуми.

Засега нема информации дали има жртви или материјална штета во синоќешните украински напади.