Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ништо ново за кошаркарките: Уште еден убедлив пораз на домашен паркет

/

пред 692 дена

Сподели преку :

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија запиша уште еден убедлив пораз во квалификациите за Евробаскетот во 2025 година. По дебаклот од Украина денеска нашите кошаркарки беа прегазени и од Португалија во Скопје.

Во четвртокот Македонија во салата „Кале“ загуби со 49-98 од Украина, а денеска и од Португалија со 43-76. За нашите кошаркарки ова е вкупно четврти пораз на четвртиот натпревар во рамки на групата Г. Како што покажува и резултатот, Македонија во ниту еден момент од дуелот не беше конкурентна ниту достоен ривал на гостинките од Португалија.

Анџелика Митрашиновиќ со 16 поени беше најефикасна во нашиот табор и единствената со двоцифрен ефект во нападот. Од останатите кошаркарки никоја не постигна повеќе од шест поени.

Во рамки на последните две кола од евроквалификациите, нашите кошаркари во февруари идната година имаат две гостувања, прво кај фаворитот Србија, а потоа и кај Украина.

Фото: Игор Паневски