Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Спасен велосипедист на Беласица – излетал во провалија

/

пред 693 дена

Сподели преку :

Спасен велосипедист кој излетал во провалија на планината Беласица, кај местото наречено „Ѓаволски мост“. Тој најпрво бил извлечен од други велосипедисти, па потоа со возило на пожарникарските служби на Струмица пренесен во медицискиот центар каде му е укажана помош.

Струмички велосипедист спуштајќи се по патеката излетал во провалија и се здобил со повреди при што бил извлечен од други велосипедисти.

Со теренското возило на ТППЕ Струмица заедно со тим на брза помош е префрлен до село Борисово каде е преземен од возило на брза помош и пренесен во Медицински центар Струмица – се наведува во информацијата од струмичките пожарникари.

Тие апелираат до граѓаните на крајна внимателност кога престојуваат или се движат во планина со цел да се избегнуваат такви несреќни случаи.