Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ: Власта да се откаже од новогодишната кошничка

/

пред 693 дена

Сподели преку :

Наместо новогодишна кошничка, мерка која не се покажа како ефикасна, опозицијата бара власта да го прифати нивниот предлог- храна без ДДВ… Според нив, ваквото решение ќе го подобри животниот стандард на граѓаните и месечно ќе им заштеди до 2,000 денари.

Од ВМРО – ДПМНЕ пак со став СДСМ да не ја потценува интелегенцијата на народот. Владината мерка за ограничување на маржата дава резултати, и цените на прехранбените производи се намалуваат, потврдуваат и од Сојузот на синдикати на Македонија.

Синдикалната кошница, благодарение на есенските маржи е пониска за 1,000 денари. На годишно ниво тоа се и до 18.000 денари заштедени во буџетот на едно домаќинство, велат од ВМРО ДПМНЕ. Додаваат и дека во новогодишната кошница се вклучени прецизно дефинирани производи и цени, врз основа на успешноста на есенската потрошувачка кошничка.