Секоја година исто. Доаѓа грејна сезона – нашите градови на врвот на топ листите на најзагадени. Скопје денеска се разбуди на четвртата позиција во светот. Зошто ништо не се презема со години? Што чекаат политичарите? Да го освоиме прво место! Во Скопје над 100, а во цела Македонија над 700 јавни установи се греат на мазут и нафта.
Ќе се најде ли некој што ќе каже стоп и ќе го реши проблемот со загадениот воздух?
Анкета: Зошто политичарите ништо не преземаат со години, што чекаат:
а) Да го освоиме прво место;
б) не знаат дека ветиле или
в) толку знаат и умеат!