Повеќе средства за научно истражувачка дејност побара професорот Димитар Трајанов од факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, обраќајки се од име на добитниците на наградените за најдобар научник кои денеска ги додели УКИМ, одбележувајќи го светскиот ден на науката за мир и развој.
Според Трајанов, секој вложен денар во научно- истражувачка дејност, повеќекратно ќе се врати во буџетот.











