Четири дена се трага по исчезнатата Лидија Трајковска од скопско Јурумлери.
Семејството уверува дека таа немала никакви проблеми. Потрагата по неа започна во петокот а во неа се користат и беспилотни летала.
Пред два дена од МВР известија дека во близина на реката Вардар во Долно Лисиче биле пронајдени предмети кои биле препознаени од нејзиниот сопруг за кои и потврдил дека се нејзини.
Лидија последен пат е забележана на камери во 5 часот наутро во петокот на автобуска постојка во с. Јурумлери.











