Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Суспендираниот обвинител Хајрулахи негира дека малтретирал вработени

/

пред 691 дена

Сподели преку :

Суспендираниот виш обвинител Мустафа Хајрулахи негира дека малтретирал вработени, откако вчера беше отворена истрага против него, не само за малтретирање, туку и за злоупотреба на службената положба. Службениците од вишото обвинителство поднеле и претставки за мобинг и кривична пријава против него, но според Хајрулахи, тие биле инструирани од обвинителка и не биле жртва на мобинг, туку повтори дека тој бил жртва на притисок од државниот обвинител Коцевски за предметот со бонусите на СЈО да не и дава статус на оштетена на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Тврди дека целта била да го замолчат и отстранат.

За снимката што тој лично ја сподели со дел од медиумите на која е снимена е новинарката Мирослава Симоновска а за која тврди дека ја добил од свиркач смета дека  непотребно се направила фама

Тоа што и ќерката на Коцевски била следена и снимена е посебна форма на притисок врз работата на обвинителсот велат од обвинителството. Кој е тајниот снимач обвинителството има индиции но собира докази и за мотивите.

„Во однос за наводното изнесување на доверливи информации, уште еднаш повторуваме дека ниту една доверлива, ниту каква било друга информација во врска со извршениот надзор не е „изнесена” од Јавното обвинителство. Извештајот од извршениот надзор над Вишото јавно обвинителство Скопје деновиве е доставен до Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, веќе е разгледан и ќе биде вратен на обвинителите кои вршеа надзор, со цел да се произнесат по сите точки на кои се однесува надзорот“, информираат од Јавното обвинителство.   

Хајрулахи не сакаше да коментира дали е охрабрен од изјавите на премиерот Мицкоски против државниот обвинител Коцевски и дали целта на обвинувања е да биде сменет државниот обвинител и на негово место да дојде колега обвинител од вишото обвинителство. Предметот за бонусите на СЈО е кај вишиот обвинител Јове Цветаноски и спроед информациите од обвинителството подого време е на разгледување.

Коцевски ги отфрли обвинувањата за притисоци, кој има својство на оштетен кажува законот, а не обвинителството. Според него, хајката почнала по контролата што ја испратил во вишото скопско обвинителство и порача дека обвинителите што работат чесно не реагираат, ниту стравуваат. Хајрулахи тврди дека не е плаши од надзорот. Вели добро е кога се прават контроли за да подобри работењето на обвинителствата.

Елена Ивановска Мукоска