Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

И болниците го загадуваат воздухот со греење на нафта и мазут

/

пред 691 дена

Сподели преку :

Болниците редовно се полнат со пациенти кои како последица на загадувањето во овој период имаат здравствени проблеми, а токму оние кои треба да ги лечат се дел од институциите кои придонесуваат за високата концентрација на ПМ честичките во воздухот. Согорувањето на мазут и нафта, најчесто се користи за загревање на јавните институции, а меѓу нив има и болници.

Клиничката болница во Битола, Општата болница ,,Д-р. Ферид Мурад“ во Гостивар, Општа болница со проширена дејност во Гевгелија, Психијатриска Болница во Демир Хисар, Општата болница во Велес се болниците кои годинава набавиле мазут и нафта, според тендерите објавени на сајтот за јавни набавки.

Меѓу нив и специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања во Отешево. Во оваа болница, всушност, може да се лекуваат оние кои имаат проблеми со дишењето, меѓу другото и поради загадувањето.

Министерот за здравство, Арбен Таравари вчера најави дека Владата го прифатила проектот со кој 10 болници ќе го заменат досегашното греење со мазут и нафта. Проектот треба да стапи на сила до крајот на наредната година.

„Ќе бидат вклучени практично и начини на греење од кои што нема загадување на воздухот. Владата партиципира, меѓутоа имаме и донации од невладини организации. Јас се надевам дека овој проект ќе помогне многу“, рече Таравари.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека Владата е во потрага по партнери со кои, врз основа на пазарни услови, заеднички ќе вложат во систем за затоплување на домовите, базиран на согорување на природен гас, односно когенеративни централи што ќе произведуваат електрична енергија и гас.

Сметаат дека на тој начин загадувањето ќе се намали барем за 60 отсто, од причина што најмногу е предизвикано од начинот на кој се затоплуваат домовите, со дрва, паркет, стар мебел и слично.

Но, Мицкоски нагласува дека магија и чуда не постојат. Тоа е бавен процес и ќе трае три-четири години, од причина што досегашната власт, според него, не направила ништо на ова поле.

Инаку нафта и мазут за греење користат и училишта, општини и многу други институции.

Марија Митевска