Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ангелов најавува дека надлежните институции ќе го изненадат снегот оваа сезона

/

пред 690 дена

Сподели преку :

„Да апелирам до граѓаните да ги раздвојат фактите од вообичаените мислења кои што може да се прочитаат на социјалните мрежи дека снегот повторно ги изненади надлежните институции. Оваа година надлежните институции нема да бидат изненадени “, вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Механизацијата и камионите спремни веднаш да излезат на терен, државата подготвена за претстојната зимска сезона. Претставници на јавни претпријатија, полицијата, управа за хидрометеоролошки работи и електродистрибуција ги уверуваат граѓаните оваа година проблеми нема да имаат.

„Од страна на ДЗС на располагање имаме два тима со т.н АТВ возила со гасеници кои што се оспособени односно имаат и обука и опрема да отидат до тешко пристапни терени доколку е потребно да се пружи помош на некој загрозен граѓанин. Исти вакви две возила има и црвениот крст и тоа нивната спасителна служба во Охрид“, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Од 15-ти ноември стапува и на сила обврската за зимска опрема. Гумите и ланците задолжителни во секое возило, граѓаните доколку немаат потреба да не излегуваат кога има снег, апелира директорот Ангелов.

„Нашите инситутции се подготвени и камионите за чистење на снег веднаш ќе излезат на терен, притоа истите имаат обезбедно доволна количина на сол која што ќе ја фрлаат и на снегот и на местата каде што има опасност од мрзнење на коловозните ленти сепак тие не можат да исчистат онолку колку што снег може да падне“, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

На денешниот координативниот состанок присуствуваа претставници од УХМР, јавните претпријатија за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта, за државни патишта, Железници инфраструктура, Дирекција за заштита и спасување, министерствата за внатрешни работи,Црвен крст, АМСМ и ЕВН.

Граѓаните, пак. речиси секоја зима се жалат дека ширум државата има нерасчистени улици и патишта, а снегот ги изненадува надлежните институции.

Симона Петровска