Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Урошевиќ: Во овој наш град, постои уште еден друг кој е невидлив и кој им се отвора на љубопитните

/

пред 690 дена

Сподели преку :

Осумдесетгодишнината од ослободувањето на Скопје, Културно-информативниот центар ја одбележа со настанот „Поетот и градот“ со академик Влада Урошевиќ, минатогодишен добитник на наградата „13 Ноември“ за публицистика.

Годинава се навршуваат и девет децении од раѓањето на Урошевиќ и 65 години од објавувањето на неговата прва поетска книга „Еден друг град“ со која што тој ја најави својата поетичка опсесија со градот.

За нераскинливата врска на поезијата на Урошевиќ со Скопје, и преку разговор со него се осврнаа Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски, и двајцата од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, претходни добитници на наградата „13 Ноември“.