Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одбојкарите ги дознаа ривалите во Златната лига: Македонија домаќин на еден од турнирите

/

пред 688 дена

Сподели преку :

Македонската машка одбојкарска репрезентација ги дозна противниците во најновото издание на Златната лига на ЦЕВ во која учествуваат вкупно 12 селекции од Стариот континент. За нашиот тим ова е трета сезона по ред во елитно натпреварување.

Македонија ќе одигра вкупно шест натпревари на три турнири во новото издание на Златната лига што ќе се одржи во месец јуни 2025 година. На првиот турнир од 6 до 8.јуни, нашите одбојкари ќе играат во Словачка, каде освен домашната селекција противник ќе ни биде и Финска. Вториот турнир ќе се одржи во Летонија, а освен со домашната селекција ќе ги одмериме силите и со Грција.

Македонија ќе биде домаќин на последниот турнир од 20-22.јуни, а противници ќе ни бидат Црна Гора и Израел.

По одигрувањето на сите натпревари ќе биде формирана заедничка табела на сите 12 репрезентации и само најдобрите четири тимови ќе обезбедат пласман на завршниот турнир што ќе се одржи од 4 до 6 јули 2025 година. Домаќинот дополнително ќе биде одреден.

Фото: Игор Паневски