Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кочанските активисти прогласија победа за депонијата кај село Бели – советниците одлучија во полза на граѓаните

/

пред 689 дена

Сподели преку :

Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, денеска ќе има средба со градоначалниците на опшините Виница, Зрновци, Чешиново-Облешево по вчерашната одлука на советот да ги прифати барањата на граѓанските активисти општината да забрани носење отпад од овие општини на депонијата во близина на селото Бели.

Одлуката беше усвоена по дополнувањето на дневниот ред што го предложи претседателот на Советот, Лазо Митев, образложувајќи го со барањето на граѓаните кои веќе трета недела протестираат и го блокираат пристапот до депонијата за комуналните возила од соседните општини.

Грaѓаните синоќа одржаа координативен состанок на кој прогласија победа, а допрва треба да одлучат за отстранување на блокадите и за прекин на протестот.