Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почна расправата за буџетот за наредната година

/

пред 689 дена

Сподели преку :

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет почна расправата за буџетот за наредната година. Се планира да се приберат 5,8 а да се потрошат 6,5 милијарди евра.

Проекцијата за капитални инвестиции изнесува 800 милиони евра. Од Министерството за финансии тврдат дека државниот долг нема да надмине 60 проценти од БДП.

Економскиот раст е планиран на 3,7 одсто а инфлацијата на 2,2 одсто. Опозициските СДСМ и ДУИ го оценија предлог-буџетот како нереален и неразвоен и најавија дека нема да го гласаат. Поднесоа над 200 амандмани.

Соња Николовска