Здравствен дом „Железничар“ денеска се приклучи во светската кампања за подигнување на свеста за заштита на машкото здравје – „Грижи се за себе“, со земање крв за ПСА (PSA), бесплатни скрининг тестови наменети за машката популација над 45 години. Секој четврток до крајот на овој месец во Здравствен дом „Железничар“ од 12 до 14 часот ќе се испитува бесплатно за оние кои се во ризична група над 45 години. Само денеска дошле да се тестираат над 120 машки лица, а директорот на установата, Јанев рече дека очекуваат до 400 луѓе до крајот на денов. На преглед се дојдени граѓани од Скопје, но и од други градови во државава. Резултатите ги добиваат во рок од половина час, електронски или на хартија.
„Оваа прилика ќе ја искористам директно да се обратам на мажите и да кажам една капка крв може да ви го промени животот. Затоа велам секој превентивен преглед е важен, прегледајте се, превенирајте и да се заштитите. Во светски рамки таа граница се спушта и на 50 години и од СЗО се вели на одредени ризични групи се спушта во зависност од местото на живеење и работата и до 45 години. Јас велам ајде да бидеме пионери во сето ова и да не оставиме ништо на случајност и сите наши сограѓани мажи на возраст по 45 години да направиме и да придонесеме со бесплатни скрининг тестови за превенција на нивното здравје, затоа што велам се што ќе биде дијагностицирано, превенирано на време може да биде и успешно спречено од здравствен аспект“ изјави д-р Спасе Јанев, директор на Здравствен дом „Железничар“ -Скопје.











