Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Прекината блокада на Белска Кривина, но мониторинг на депонијата продолжува до формирањето на eко-патролата

/

пред 689 дена

Сподели преку :

Граѓаните на Кочани ја прекинаа блокадата на Белска Кривина. Ваквиот чекор доаѓа поради одлуката на локалната самоуправа, која едногласно ги поддржа барањата за решавање на проблемот со токсичната депонија.

Граѓаните ќе продолжат со 24-часовен мониторинг на депонијата до формирањето на eко-патролата, која ќе има надлежност за управување со отпадот во Кочани.

Според Одлука на Совет на општина Кочани, единствена надлежност има КЈП „Водовод“, и истото ќе управува само со сметот на територијата на Кочани.

Од граѓанскиот отпор велат целта и понатаму останува непроменета – чист воздух и здрава околина за сите жители на Кочани.