Жителите на улицата Народни Херои излегуваа денеска на протест и го блокираа булеварот Борис Трајковски во скопската населба Кисела вода.
Причина за протестот, се нерешените инфраструктурни проблеми и законските прекршувања од страна на околните градилишта, кои, според жителите, значително ја загрозуваат безбедноста на пешаците и го отежнуваат пристапот до нивните домови.
Градилиштата и тешката градежна механизација која поминува на тесната сервисна уличка веќе предизвика неколку инциденти, меѓу кои и скинати кабли од бандерите, срушен столб за улично осветлување и изгребани возила.
„Не можеме да чекаме да настрада и човек, па дури потоа да реагираме“ – велат станарите.











