Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Денеска се одбележуваат 33 години од донесувањето на првиот Устав

/

пред 686 дена

Сподели преку :

Денеска се одбележуваат 33 години од донесувањето на првиот Устав. Со донесувањето на Уставот во 1991 година беше редизајнирано внатрешното уредување на системот и неговите институции и овој Устав го рефлектираше стремежот на тогашната генерација за слободна, суверена и самостојна Република. 

Со донесувањето на Уставот како највисок правен акт,  се роди и надежта на граѓаните за подобар живот, демократска држава во која ќе владее правото. 17 ноември e потсетник на обврската на генерациите, да не ги изневери наследените надежи и да придонесува во градењето на правната држава, да се сочува системот на вредности кој е вграден во Уставот. 

 

„Сите ние имаме должност доследно да го применуваме и најважно, да му бидеме лојални на Уставот. Денеска, упатувам апел до секој еден од нас  дека силата на Уставот произлегува од одлучноста на секој граѓанин да застане зад него и да го брани. Денешниот ден нека биде уште една потврда за граѓаните, да бидат сигурни дека Уставниот суд бескомпромисно ќе го чува и штити Уставот со сите негови вредности, ќе ја брани  слободата, демократијата и правната држава. Честит 17 ноември, Денот на нашиот Устав! Костадиновски со честитка за Денот на Уставот: Уставниот суд бескомпромисно ќе го чува и штити Уставот“ вели Костадиновски во соопштението.