Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Половина од водата што треба да стаса од хидросистемот Ѓавото во Дојранското Езеро се губи попат поради дивите приклучоци

/

пред 686 дена

Сподели преку :

Речиси половина од водата што треба да стаса од хидросистемот Ѓавото во Дојранското Езеро се губи попат поради дивите приклучоци. Пратеникот од ЗНАМ, Миле Цеков, кој го следи процесот на рестартирање на хидросистемот заедно со министерството за животна средина, вели дека под итно е потребно да се отстранат тие приклучоци за да стигнува водата од трите пумпи во езерото.

Цеков вели дека станува збор за три места каде има најголеми губитоци на вода, а таа се одлевала кај приватни лица за наводнување.

Хидросистемот Ѓавото се пушти минатата сабота, но по неколкучасовна работа беше запрен бидејќи каналот во близина на езерото бил затрупан. Инспектор за животна средина бил на терен и утврдил затрупување на неколку места. Причините дополнително ќе се утврдуваат и се најавуваат соодветни пријави за виновниците.

Сузана Мицева