Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Променливо облачно со сончеви периоди и студено, со утринска магла по одделни котлини – Временска прогноза за 19.11.2024

/

пред 686 дена

Сподели преку :

Наутро ќе биде студено со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини. Преку ден ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремен локален дожд.

Во Скопје, наутро со услови за појава на магла. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -6 до 0°C, а максималната од 10 до 16°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-7 Берово, -5 Струмица, -4 Скопје-Петровец, Тетово, Штип, Демир Капија, Велес, -3 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Кавадарци, -2 Крива Паланка, -1 Виница, Гевгелија, 0 Битола, Попова Шапка, 1 Маврови Анови, Охрид, Крушево, 2 Претор.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 11.0, Преспанско Езеро 10.0, Дојранско Езеро 14.8.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/